Јавни огласи

ЈАВНИ ОГЛАСИ.

 

  • Врз основа на член 23 став 1 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/1996; 9/1997; 6/2002; 40/2003; 49/2006; 22/2007; 83/2009; 97/2010; 6/2012; 119/2013; 41/2014; 138/2014; 25/2015; 61/2015 и 39/2016) и член 11 став 1 алинеја 9 и член 14 од Законот за основање на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/1998; 98/2000 и 48/2009), а согласно член 12 став 1 точка 12 и член 15 од Статутот на ЈП Македонска радиодифузија – Скопје бр. 02-770/7 од28.10.2018 г., а во согласност со член 19-a од Законот за јавните претпријатија („Сл.весник на Република Македонија“ бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15 и 39/16), во врска со Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на директор на ЈП „Македонска радиодифузија” – Скопје бр. од година, Управниот одбор на ЈП „Македонска радиодифузија“ – Скопје, објавува

    ЈАВЕН КОНКУРС

    за избор на Директор на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија – Скопје бр. 01/2018

    1. Кандидатите за директор на ЈП „Македонска радиодифузија Скопје”, треба да ги исполнуваат следните услови, потребни за извршување на работата, утврдени во Законот за јавните претпријатија („Сл.весник на Република Македонија“ бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15 и 39/16), Законот за основање на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/1998; 98/2000 и 48/2009) и Статутот на ЈП Македонска радиодифузија – Скопје и тоа:
    – да е државјанин на Република Македонија;
    – во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    – да има завршено високо образование од областа на електротехничките науки, најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование ;
    – да има работно искуство над 5 години;
    – да има посебни знаења од областа на радиодифузијата и електронските комуникации;
    – активно познавање на англиски јазик;
    – да има положено психолошки тест и тест за интегритет.

    2. Потребни документи кои кандидатите треба да ги достават се следните:
    – Уверение за државјанство;
    – Потврда дека не му е изречена казна или прекршочна санкција,забрана за вршење на професија, дејност или должност.
    – Кратка биографија;
    – Мотивационо писмо за пријава на конкурсот;
    – Уверение за завршено високо образование, оргинал или копија заверена на нотар;
    – Потврда за работно искуство (листа од ПИОМ);
    – Доказ за докажување на посебните познавања од областа на радиодифузијата и електронските комуникации;
    – Еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) – најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) – положен или БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода,
    – Доказ за положен психолошки тест и тест за интегритет и
    – Предлог Програма за работа и развој на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија– Скопје.

    Потребните документи се поднесуваат во оригинал или копија заверена на нотар.

    3. Директорот се избира со мандат од 4 години.

    4. Рокот за поднесување на потребната документација изнесува 5 (пет) работни дена сметано од денот на објавувањето на јавниот конкурс во авните гласила, а изборот ќе биде извршен во рокот утврден со Законот за јавните претпријатија.

    5. Известувањето за извршениот избор до кандидатите ќе се изврши писмено по донесување на Одлука за избор од страна на Управниот одбор.

    Ненавремената, нецелосната и неуредна пријава нема да биде предмет на разгледување.

    Пријавите со потребните документи се доставуваат во затворено плико, лично во архивата на ЈП Македонска радиодифузија – Скопје или по препорачана пошта на следната адреса: Јавно претпријатие Македонска радиодифузија Скопје, бул. Гоце Делчев бр. 18, Скопје, со назнака (ЗА ЈАВЕН КОНКУРС бр. 01/2018).

    ;