Пребарај   Испрати;
 

“ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ МАКЕДОНСКА РАДИОДИФУЗИЈА-СКОПЈЕ” цо.-Скопје бул. “Гоце Делчев” бб, Скопје
Општина Центар

Регистрирано во Судски регистар под бр.1463/98 на 18.06.1998 година
Број на регистарска влошка 02002805-7-09-000

Шифра на дејност: 64.20 060900
Дејност: Телекомуникации
ЕДБ: 4030998340269
Матичен број: 5218837
Телефон: 3297-100
Факс: 3225-520
E-mail : radiodifuzija@jpmrd.gov.mk

"Јавното претпријатие Македонска Радиодифузија-Скопје" (МРД) , е основано со Закон за основање на Јавно претпријатие Македонска Радиодифузија , што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 28.01.1998 година.

Седиштето на МРД е во Скопје на булевар "Гоце Делчев" бб. Дејноста на МРД се работи од областа на радиодифузијата како што се:

  • Развој, проектирање, изградба, одржување и употреба на основната радиодифузна мрежа на територијата на Република Македонија.
  • Обезбедување пренос, емитување и дистрибуција на радио и телевизиски програми и други содржини наменети за општ прием во слободен простор и по кабловска радио и телевизиска мрежа на територијата на Република Македонија.
  • Обезбедување на телетекс, пренос на податоци преку радио и други услуги преку основната радиодифузна мрежа.
  • Обезбедување, емитување на посебни програми за информирање, зачувување на културните и историските традиции и за одржување и унапредување на врските со иселениците и другите граѓани од Република Македонија кои живеат во соседните земји, Европа и други континенти.
  • Обезбедување на радио и телевизиски врски со радиодифузните системи на други земји во светот во согласност со меѓународните договори што ги склучила, односно им пристапила Република Македонија.
  • Контрола и мерење на квалитетот и покриеноста на територијата на Република Македонија со радио и телевизиски сигнали емитувани од Македонската Радио Телевизија, како и контрола и мерење на пречки од други Радиодифузни станици.

Остварување доплонителни активности и услуги со надомест по други радиодифузни мрежи, поврзани со основните дејности, а особено заради целосно и економично користење на техничките и човечки капацитети и тоа:

  • Ремонт и сервисирање на уреди и опрема;
  • Одржување на земски сателитски станици за сопствени и други потреби;
  • Истражувачки работи од областа на радиодифузната дејност;
  • Развој и инвестициони работи од областа на радиодифузната дејност;
  • Производсто и промет на елементи за електронски уреди и опрема од областа на радиодифузијата;
  • Набавка и увоз на опрема, репродукционен и друг материјал;
  • Проектирање, изведба и одржување на радиостаници, инсталации и друга специфична опрема за потребите на радиодифузните мрежи;
  • Проектирање, изведба, контрола и издавање на уверение за заземјување на радиостаници;
  • Проектирање, изведба, контрола, мерење како и издавање на уверенија од извршените мерења за КДС;
  • Работи и услуги од областа на "пејџинг" сервисот преку мрежите во УКБ подрачјето;
  • Консалтинг и инжинеринг услуги од областа на радиодифузијата;
  • Поправка и одржување на друмски и специјални возила;
  • Давање под закуп на објекти, радиодифузна опрема и уреди;

и други работи во врска со основната дејност.