За нас

 

               Јавното Претпријатие Македонска Радиодифузија е основано со Законот за основање на ЈП МРД- Скопје (Сл. весник на Р.М бр. 6/1998).

               Јавното претпријатие Македонска Радиодифузија врши дејност од јавен интерес. Јавното претпријатие дејноста ја врши под услови и начин определен со Законот за радиодифузната дејност, Законот за телекомуникациите, Законот за јавните претпријатија и други закони.

               Јавното претпријатие се организира така што дејноста заради која е основано да ја врши на начин со кој се обезбедува:

                            1. техничко- технолошко единство на системот;

                            2. ефикасност во работењето, како и усогласеност на сопствениот развој со севкупниот развој;

                            3. заштита и унапредување на добрата од општ интерес;

                            4. транспарентност и недискриминација во работењето;

                            5. трајно, уредно и квалитетно задоволување на потребите на корисниците на услугите и

                            6. функционална поврзаност со радиодифузните системи на другите земји во светот.

                                 Во согласност со меѓусебни договори што ги склучила, односно им пристапила Република Македонија.

            Јавното претпријатие се грижи за обезбедување, оптимална чујност и гледаност на програмите на територијата на Република Македонија што се емитуваат преку основната радиодифузна мрежа.

 

Политика за квалитет

Развојните проекции на ЈП МАКЕДОНСКА РАДИОДИФУЗИЈА – СКОПЈЕ во делот на обезбедување на основната функција кои се движат во насоките:

  • Дигитализација на земските телевизиски и радио мрежи;
  • Следење и воведување на нови технологии од областа на радиодифузијата и електронските комуникации;
  • Изградба на нови радиодифузни објекти за допокривање на населението на РМ со квалитетен радио и телевизиски сигнал.

При реализација на  своите услуги, во потполност ќе ги исполнува:

  • Барањата и очекувањата на граѓаните-корисниците и обезбедување на нивно задоволство,
  • Барањата на важечките закони и прописи,
  • Сопствените барања и цели

Овие цели ЈП МАКЕДОНСКА РАДИОДИФУЗИЈА – СКОПЈЕ ги остварува со спроведување и постојано подобрување на воспоставениот систем за менаџмент со квалитет, усогласен со барањата на стандардот ISO 9001: 2008, што опфаќа:

  • Идентификација, утврдување и управување со процесите и ресурсите кои придонесуваат за задоволство на граѓаните-корисниците на услугите,
  • Активно учество на вработените во процесот на давање услуги,
  • Поедноставување на постапките на услужување на граѓаните-корисниците на побрз, поефикасен, поефтин и поквалитетен начин,
  • Постојано подобрување на квалитетот на услугата и процесите на давање услуги со континуирана обука на кадарот,
  • Развивање партнерски односи со добавувачите,
  • Постојано следење на светските трендови од доменот на својата дејност,
  • Мерки за зголемување на задоволството на граѓаните-корисниците,

Постојано подобрување на системот за менаџмент со квалитетот.