Основна дејност

 ЈП МРД врши дејност од јавен интерес во областа на електронските комуникации како што се:

  1. Развој, проектирање, изградба, одржување и употреба на јавни електронски комуникациски мрежи и средства и обезбедување на јавни електронски комуникациски услуги.
  2. Обезбедување пренос, емитување и дистрибуција на радио и телевизиски програми и други информациски содржини наменети за општ прием во слободен простор и по кабловска радио и телевизиска мрежа на територијата на Република Македонија.
  3. Пренос и емитување на програмскиот сервис наменет за активностите на Собранието на Република Македонија на целата територија на Република Македонија.
  4. Обезбедување, емитување на посебни програми за информирање, зачувување на културните и историските традиции и за одржување и унапредување на врските со иселениците и другите граѓани од Република Македонија кои живеат во соседните земји, Европа и други континенти.
  5. Обезбедување на радио и телевизиски врски со радиодифузните системи на други земји во светот во согласност со меѓународните договори што ги склучила, односно им пристапила Република Македонија.
  6. Контрола и мерење на квалитетот и покриеноста на територијата на Република Македонија со радио и телевизиски сигнали емитувани од Македонската Радио Телевизија, како и контрола и мерење на пречки од други Радиодифузни станици.

 

 Јавното претпријатие дејностите ги врши преку:

  1. три радио мрежи на ултра кратки бранови (ВХФ/ФМ),
  2. една радио мрежа на средни бранови ( СБ ),
  3. три телевизиски мрежи ( ВХФ и УХФ ),
  4. дигитален мултиплекс ( ДВБ – Т ) и
  5. мрежа на микробранови аналогни и дигитални преносни врски.

 

Остварување доплонителни активности и услуги со надомест по други радиодифузни мрежи, поврзани со основните дејности, а особено заради целосно и економично користење на техничките и човечки капацитети и тоа:

  1. Проектирање, изведба и одржување на радиостаници;
  2. Монтажа и одржување на радиодифузни уреди, антенски системи и електрични инсталации;
  3. Изведба и издавање уверение за измереното заземјување на радио станиците;
  4. Проектирање, изведба и одржување на кабловски дистрибутивни системи;
  5. Контрола и мерење на изведените кабловски дистрибутивни системи како и издавање на уверение за истите;
  6. Контрола и мерење на квалитетот и покриеноста на територијата на Република Македонија со радиотелевизиски сигнали;
  7. Промет на склопови, уреди и опрема од радиодифузната и комуникациската дејност;
  8. Издавање под наем на комуникациски линкови и емитување на радио и телевизиски програми;
  9. Издавање под наем на дел на инфраструктурата на објектите (деловен простор), а заради инсталирање на радиодифузна, комуникациска и друга опрема, како и издавање под наем на веќе инсталираната опрема и уреди;
  10. Одржување на функционални системи, консалтинг и инжинеринг услуги од областа на радиодифузијата

и други работи во врска со основната дејност.

 

 

'