Сектор за економски работи

Секторот за Економски работи ги содржи следните оделениа:

  1. Одделение за Финансии и Смедковотство
  2. Одделение за Комерцијални работи

 

Главни активности на Секторот за економски работи се:

  1. Следење и примена на законските и подзаконските акти од областа на сметководственото и финансиско работење и јавните набавки;
  2. Планирање и следење на реализацијата на планските позиции;
  3. Управување, следење и контрола на средствата и движење на средствата и изворите на средствата на  ЈП МАКЕДОНСКА РАДИОДИФУЗИЈА – СКОПЈЕ, утврдени со Годишната Програма за работа и развој;
  4. Евиденција, наплата на побарувања и плаќање обврски;
  5. Реализација на јавни набавки;
  6. Интерно информирање во рамки на претпријатието и екстерно кон надлежните институции.

 

Планирање на работата

Основа за планирањето на работата на ЈП МАКЕДОНСКА РАДИОДИФУЗИЈА – СКОПЈЕ  се плановите за работа за тековната година.

Основен плански документ во кој се дефинирани средствата неопходни за реализација на плановите за работа и потребните човечки ресурси кои  ќе ги реализираат обврските е Годишната Програма за работа и развој на ЈП Македонска радиодифузија. Изготвувањето на Годишната Програма за работа и развој базира на повеќестепено предлагање, усогласување и утврдување на потребите на секторите во МРД, со конечна верзија на ниво на МРД. МРД изготвува и други плански документи, се во согласност со регулативата во оваа област.

'