Сектор за правни, кадровски и општи работи

Секторот за правни, кадровски и општи работи ги содржи следните одделенија:

    1. Одделение за правни и работни односи
    2. Одделение за општи работи

 

Задача на одделението за правни работи е:

  • Обезбедува правна поддршка во остварување на правата и обврските на ЈП.
  • Ја организира и ги следи постапките за решавање на споровите (судски, управни и сл) и спроведува правни анализи во име на ЈП, при што дава извештаи за овие постапки на секои два месеца;
  • Го застапува ЈП пред надлежните судови, државни органи и сите други институции, согласно насоките на директорот;
  • Изготвува документи за поведување на постапки пред судски и управни органи, за заштита на интересите на ЈП;
  • Ја следи законската и позаконската регулатива и за донесените промени доставува известување до надлежните сектори;
  • Дава мислења и предлози во врска со изменување и дополнување или донесување на законска регулатива поврзана со работата на ЈП;
  • Им дава мислење на органите на државната управа и други организации и институции по определени прашања поврзани со работата на ЈП;
  • Го организира работењето на Управниот одбор и Надзорниот одбор, во однос на почитувањето на утврдените права и обврски од правен аспект, согласно донесените акти;
  • Ја контролира и организира подготовката на актите што ги донесува директорот, управниот одбор и надзорниот одбор;
  • Води посебна писмена евиденција за работата на управниот и надзорниот одбор, и посебна евиденција за донесените акти;
  • Ги следи задолженијата од страна на Владата на Република Македонија, Министерството за информатичко општество и администрација, АЕК и др, во делот на задолженијата спрема ЈП;
  • Дава коментари и препораки до Одделението за јавни набавки во врска со подготвените прописи дава објаснување за примената на законите, подзаконските акти и сл односно дава мислење во врска со правата, должностите и обврските на ЈП согласно закон за јавни набавки;
  • Дава мислење на постапките за набавка на стоки, услуги и работи за потребите на ЈП од аспект на нивната усогласеност со законската регулатива,
  • Ги изготвува договорите за јавни набавки, договорите за закуп, договорите за работа, договорите за деловно техничка соработка и сите останати договори со кои се регулираат права и обврски на ЈП;
  • Изготвува документи за назначување на вработени лица во делот на реализација на склучените договори;
  • Дава толкување на спорни одредби во делот на склучените договори;
  • Поведува постапки за регулирање на имотно-правните односи во делот на сопственоста, владението, користењето и сл, на ствари од страна на ЈП;
  • Водење на посебен регистар за целата документација во делот на имотно правните работи;
  • Ја води, контролира постапката за вработување согласно Законот за работните односи и останатата позитивна законска регулатива

Задача на одделението за општи работи е:

  • Да се уредова начинот на работа во одделението за општи работи;
  • Да ја води процедурата за да се планираат, организираат и реализираат активностите на јавните набавки со цел да се обезбеди ефикасно, транспарентно, непристрасно, еднаков однос према сите страни, исто така и комуникација према сите економски оператори, со навремено и правилно набавување на стоки, услуги и работи;
  • Да се води процедура и евиденција за примена на мерките за безбедност и здравје при работа;
  • Да се води процедура и евиденција за примена на мерките за здравствена заштита;
  • Да се води евиденција за противпожарна заштита;
  • Да го утврдува начинот на евиденција, контрола, анализа  и користење на службените превозни средства;
  • Да се води процедурата со која се уредува начинот на работа и правилата на постапувањето со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење;
  • Одржување на хигиена во службени простории.