Сектор телекомуникации

Секторот за телекомуникации ги содржи следните оделение:

  1. Одделение Центар за врски, релејни станици и мониторинг
  2. Одделение Програмски и сервисни врски
  3. Телепорт центар

 

Реализација на активности

Реализација на редовни активности по предавателните /репетиторски центри

  • Да ја пратат работата на средствата,
  • Во случај на дефект на работните уреди да овозможат непрекинато емитување преку стартување на резервните средства,
  • Да го известуваат терминалот за информации за секоја неправилност во работењето согласно со процедурата. Работа на одделението програмски и сервисни врски во секторот телекомуникаци,
  • Доколку се во состојба да го одстранат настанатиот дефект на средствата за работа,
  • Доколку успее/неуспее да го одстрани дефектот, повторно да го извести терминалот,
  • Да води сметка за хигиена согласно Годишниот план за хигиена за средствата за работа и просторите.

Реализација на редовни активности на одделението програмски и сервисни врски

Вработените одделението програмски и сервисни врски ги имаат следните обврски:

  • По претходно најавени барања да воспоставува преспојува врски и истите да ги проверува и прати,
  • Да ја пратат работата на средствата,
  • Во случај на дефект, доколку се во состојба да го одстранат настанатиот дефект на средствата за работа,
  • Да го известуваат терминалот за информации за секоја неправилност во работењето согласно со процедурата. Работа на одделението Центар за врски, релејни станици и мониторинг, во секторот телекомуникаци,
  • Доколку успее/неуспее да го одстрани дефектот, повторно да го извести центарот,
  • Да води сметка за хигиена согласно Годишниот план за хигиена за средствата за работа и просторите.

Реализација на активности во секторите

Активности на одстранување на дефект:

По добивање на информација од вработените во терминалот за одреден дефект, раководителите на сектори постапуваат по процедурата за одржување.

Обврска на вработените кои од раководителот добиле работен и патен налог да се јават во терминалот во секторот Телекомуникации и да дадат информација за вработените кои тргнуваат на пат, местото и видот на интервенцијата, времето на поѓање. По враќањето од пат се исто така должни да се јават во терминалот и да дадат информација за интервенцијата и времето на пристигањето од пат.

'