Почеток
Информации
Кадар
 

“ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ МАКЕДОНСКА РАДИОДИФУЗИЈА-СКОПЈЕ” цо.-Скопје бул. “Гоце Делчев” бб, Скопје
Општина Центар

Телефон: 3297-100
Факс: 3225-520
E-mail : radiodifuzija@jpmrd.gov.mk

 

Ј.П. Македонска радиодифузија – Скопје (МРД) е Јавно претпријатие основано од Собранието на Република Македонија со Закон за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, донесен на 28.01.1998 година. МРД е јавен радиодифузен оператор на територијата на РМ и неговото функционирање е регулирано со Законот за електронски комункации и Законот за радиодифузна дејност како и со Статутот на претпријатието.

Својата основна фунција МРД ја остварува оперирајќи со повеќе различни мрежи и тоа: три телевизиски мрежи кои емитуваат на ВХФ и УХФ подрачје, три радио мрежи кои емитуваат на УКБ – ФМ подрачје, една среднобранова мрежа, една мрежа на насочени микробранови врски и други уреди и инструменти.

За вршење на основната дејност МРД располага со 135 радиодифузни (предавателни и репетиторски) објекти и повеќе од 750 радио и ТВ уреди (со моќност во дијапазон од 1 KW до 1.200 MW ). МРД располага и со други инфраструктурни сегменти и земјиште.

Средствата на Јавното претпријатие се во државна сопственост, а сметководствената вредност на запишаниот државен капитал изнесува околу 6 милиони евра.

Финансирањето на МРД се темели на два основни извори: радиодифузна такса и комерцијални приходи.

Развојните проекции на претпријатието во делот на обезбедување на основната функција се движат во следните насоки:

•  Изградба на нови радиодифузни објекти за допокривање на населението на РМ со квалитетет радио и телевизиски сигнал;
•  Следење и воведување на нови технологии од областа на радиодифузијата;
•  Дигитализација на земските радио и телевизиски мрежи.

 
 
Copyright (c) 2007 JP MRD. All Rights Reserved.